По врнежите од дожд и снег, во наредните денови се очекува стабилизирање на временските услови, но и значително студени утра со температури под нулата.
Според објавената прогноза, во понеделник ќе преовладува облачно време, со температури од минус 1 до 3 степени.
Првиот ден од декември ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди, додека утринската температура ќе се спушти до минус 3 степени.
Најстудено се очекува да биде во среда, кога живата на термометарот наутро ќе се спушти до минус 4 степени, а максималната дневна температура ќе достигне само 2 степени, и покрај сончевите периоди.
Од четврток се најавува благо затоплување, со максимална дневна температура до 5 степени, додека во петок таа ќе достигне 6 степени.
Во сабота се очекува појава на магла, со температури од минус 2 до 4 степени.
Првите денови од декември ќе бидат во знакот на студените утра, повремените сончеви периоди и ниските дневни температури.






