Министерството за внатрешни работи информираше за три случаи на истакнување знамиња на „Голема Албанија“ на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден.
На 28 ноември, во 15:10 часот, на улицата „Ѓорче Петров“, полициски службеници сопреле автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 40-годишната Џ.Т. од Скопје. На возилото биле истакнати две знамиња на „Голема Албанија“ со натпис „Autochtonous“.
Дваесет минути подоцна, на плоштадот „Скендербег“, полициски службеници забележале 21-годишен жител на скопското село Драчевица, кој во раката носел знаме со истата содржина.
Третиот случај бил регистриран во 21:45 часот, на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“.
Полицијата сопрела автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Р.И. од скопско Сарај, на кој исто така било истакнато знаме на „Голема Албанија“.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на трите случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






