ПРВ.мк
Свет

ЦРВЕН АЛАРМ ВО ГРЦИЈА: Се очекува силно невреме, граѓаните добиваат предупредувања на мобилните телефони

ЦРВЕН АЛАРМ ВО ГРЦИЈА: Се очекува силно невреме, граѓаните добиваат предупредувања на мобилните телефони

Грчките власти издадоа црвено метеоролошко предупредување за повеќе делови од земјата поради силното невреме „Аргос“, кое се очекува да донесе обилни врнежи од дожд, грмежи и силни ветрови.

Највисокото ниво на метеоролошко предупредување ги опфаќа Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина, како и Евија, Спорадите, Лариса, Магнезија, Беотија и Фтиотида.

Според прогнозите, во текот на денот невремето ќе се прошири и кон одредени делови од Пелопонез.

Особено загрижувачки се прогнозите за Егејското Море, каде што се очекуваат силни северни и североисточни ветрови, со налети кои би можеле да достигнат јачина до 10 бофори.

Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, жителите на неколку региони уште во саботата добиле предупредувачки пораки преку системот за итни случаи 112.

Поради најавените неповолни временски услови, се препорачува зголемена внимателност при патувањата и редовно следење на известувањата од надлежните грчки институции.