Педесет и осумгодишен маж од Скопје бил пронајден починат во семејниот дом во скопското село Волково.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Резултатите од обдукцијата треба да ги утврдат точните причини за смртта на 58-годишниот скопјанец.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта.







