ПРВ.мк
Македонија

(ВО ЖИВО) „СЕЈФ СИТИ“ СТАРТУВА ВО ВЕЛЕС: Погледнете што носи новиот систем за безбедност

(ВО ЖИВО) „СЕЈФ СИТИ“ СТАРТУВА ВО ВЕЛЕС: Погледнете што носи новиот систем за безбедност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.

Во рамките на посетата на Велес, Мицкоски беше придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а предвидено е присуство и на настаните поврзани со Министерството за внатрешни работи.

По поставувањето на камен-темелникот, премиерот и министерот за внатрешни работи ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“, како и на новите простории на СВР Велес.

Со овие активности, Велес денеска е во фокусот на повеќе проекти поврзани со унапредување на градската инфраструктура и модернизација на системот за безбедност.

СЛЕДЕТЕ ПРЕНОС ВО ЖИВО ТУКА