ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тројца итно пренесени во болница - еве како се одвива сообраќајот!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тројца итно пренесени во болница - еве како се одвива сообраќајот!

Тројца лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа.

Според информациите од СВР Охрид, сообраќајката била пријавена на 12 септември во 7:30 часот. Во незгодата учествувале два автомобили „Голф“, и двата со струшки регистарски ознаки.

Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, додека вториот автомобил го управувал Е.Ќ. (54) од Велешта.

Во директниот судир тешко биле повредени двајцата возачи, како и Е.Б. (27) од Лабуништа, кој бил сопатник во првото возило.

Повредите кај тројцата биле констатирани во специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а околностите под кои дошло до судирот се утврдуваат.