Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Велес, каде ќе присуствува на поставувањето камен-темелник за нова подземна катна гаража и плоштад во општината.
По настанот, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите.
Во рамки на посетата, Мицкоски заедно со Министерството за внатрешни работи, придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ќе присуствува и на пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“.
Воедно, предвидено е да бидат пуштени во употреба и новите простории на Секторот за внатрешни работи Велес.









