Американскиот тинејџер Дерек Паркер Агнанг (15) бил спасен откако неколку дена поминал на превртен чамец во ледените води на Беринговото Море, во близина на Алјаска, соопшти американската крајбрежна стража.
Дерек бил единствениот преживеан од чамецот по инцидентот, во кој животот го загубиле неговиот постар брат и неговиот роднина, пренесе Би-би-си.
Тинејџерот преживеал неколку тешки денови во исклучително студените води, пред да биде пронајден и спасен од екипите на американската крајбрежна стража.
Околностите под кои дошло до превртувањето на чамецот, како и деталите за спасувачката операција, се предмет на понатамошно утврдување.






