Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници низ цела Македонија лишиле од слобода 13 лица поради сомнение за „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, 11 возачи управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Тие биле од Велес, Скопје и Прилеп.
Уште двајца возачи, од Куманово и Скопје, биле запрени додека управувале возила под дејство на алкохол.
При преземањето на полициските мерки, кај еден возач од Скопје, кој управувал без возачка дозвола, било утврдено и дека предната регистарска таблица на автомобилот не му припаѓала на возилото.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полицијата продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесување со кое се загрозува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Од МВР повторуваат дека почитувањето на сообраќајните правила, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за поголема безбедност на патиштата.







