Во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, објави судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на денешното рочиште.
Камбери тврдеше дека уредите веќе биле таму кога тој пристигнал и дека тој само ги нашол, додавајќи дека не ги користел за било какви противзаконски активности. За настанот добил само опомена, на што реагирало Основното јавно обвинителство.
Обвинетиот е единствениот кој, покрај обвиненијата за тешки дела против општата сигурност, се товари и за примање поткуп, што дополнително ја комплицира неговата одбрана. Судскиот процес продолжува со сослушувања на останатите обвинети и презентација на доказите.

















