ПРВ.мк
Македонија

Владата најави бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања за зголемување на наталитетот

Владата најави бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања за зголемување на наталитетот
Escape

Македонија се соочува со сериозна демографска криза, а Владата предлага мерки за справување со падот на раѓањето. Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ ги претстави предвидените чекори, кои вклучуваат:

  • Шест бесплатни инвитро-процедури за паровите;
  • Финансиска стимулација за раѓање на прво и второ дете;
  • Даночни олеснувања за мајките — ослободување од персонален данок на доход една година за првородено дете, две години за второ, а за трето и повеќе — сè додека првото дете не стане полнолетно.

Стаменкоска-Трајкоска истакна дека Македонија бележи намалување на бројот на новородени деца веќе повеќе од една деценија, со пад од 23.000 новородени во 2016 до 16.737 во 2024 година. Во исто време, бројот на починати во 2024 надмина 20.000, што доведува до негативен природен прираст.

Таа предупреди дека стапката на фертилитет е критично ниска — само 1,5, додека за одржлив природен прираст е потребна најмалку 2,1.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, ги отфрли предлозите за воведување данок за немажените, истакнувајќи дека целта е да се отвори јавна дебата за овие прашања.

Целта на мерките е да се охрабрат младите семејства да имаат повеќе деца и да се обезбеди поддршка за мајките, со што се обидува да се спречи демографскиот колапс.

Mia Home Mavrovo