ПРВ.мк
Македонија

ШОК ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дел од вработените годинава може да останат без К-15 – еве кои се најзагрозени!

ШОК ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дел од вработените годинава може да останат без К-15 – еве кои се најзагрозени!

Исплатата на регресот за годишен одмор, познат како К-15, повторно ја отвора темата за работничките права, но и за финансиските можности на компаниите во Македонија, бидејќи од 1 јули почнува периодот кога работодавачите треба да го исплатат овој надоместок.

Иако законската обврска за К-15 е утврдена преку колективните договори, конечниот износ зависи од висината на просечната плата, која бележи раст, па оваа година се очекува и повисок износ за дел од работниците. Сепак, дел од вработените би можеле да останат без регрес, зависно од состојбата во фирмите каде работат.

Според Општиот колективен договор, во приватниот сектор К-15 изнесува околу 40 отсто од просечната нето-плата во последните три месеци, додека во јавниот сектор е околу 30 отсто од просечната плата. За да се стекне право на исплата, работникот мора да има најмалку шест месеци стаж кај ист работодавач во текот на годината.

Во моментов, според пресметките базирани на просечна плата од околу 46.500 денари, износот на К-15 би можел да достигне приближно 18.600 денари.

Сепак, постојат и исклучоци во приватниот сектор. Во одредени ситуации, работодавачите можат да исплатат помал износ или, во крајни случаи, воопшто да не исплатат регрес, доколку докажат сериозни финансиски потешкотии во работењето.

Оваа можност, како што појаснуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија, е строго регулирана и под надзор на надлежните институции. Доколку инспекциите утврдат дека нема реални финансиски проблеми, следуваат санкции за компаниите.

За правните лица се предвидени казни од 2.000 до 4.000 евра, додека одговорните лица во компаниите може да бидат казнети со 500 до 1.000 евра. Дополнително, работодавачот е должен да им го исплати целиот износ на К-15 на вработените.

Прашањето за К-15 и годинава останува едно од најчувствителните теми меѓу работниците, особено во услови на економски притисоци и растечки трошоци за живот.