ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 13-годишно дете загина во судир со автомобил додека возело електричен тротинет!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 13-годишно дете загина во судир со автомобил додека возело електричен тротинет!

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, соопшти полицијата.

Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила кога дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишен жител на Куманово, и електричен тротинет на кој се наоѓало малолетното дете.

По силниот удар, детето било итно пренесено во Општата болница во Куманово, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.

По несреќата, возачот на автомобилот бил лишен од слобода во 21:20 часот во Полициската станица Куманово, додека увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и екипа од СВР Куманово.

Истражните органи работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила трагичната несреќа.