Две скопјанки во текот на синоќа пријавиле различни форми на насилство од страна на нивни поранешни или актуелни вонбрачни партнери, соопшти полицијата.
Според информациите, 35-годишна жена околу 19:30 часот пријавила во СВР Скопје дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од својот вонбрачен партнер Е.М.
Во друг случај, 41-годишна жена во 20:30 часот исто така пријавила во СВР Скопје дека била психички вознемирувана и дека ѝ биле упатувани закани од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.А.
Полицијата соопшти дека по двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните и утврдување на околностите под кои се случиле пријавените инциденти.
Истражните органи продолжуваат со постапување по пријавите.










