Загребската полиција спречила планирано убиство и уапсила 25-годишен државјанин на Србија, за кој постои сомнеж дека дошол во Хрватска со цел да организира ликвидација на едно лице.
Според соопштението од Полициската управа Загреб, осомничениот бил лоциран и уапсен во среда попладне во хотелска соба на подрачјето на Трешњевка, врз основа на претходно спроведени оперативни активности.
При претресот, кај него бил пронајден пиштол со полн рам и седум куршуми, а на оружјето делумно бил отстранет фабричкиот број. Осомничениот при апсењето немал лични документи и изјавил дека нелегално влегол во Хрватска неколку дена претходно.
Полицијата соопшти дека по спроведената криминалистичка истрага е утврдено дека 25-годишникот дошол во Загреб со намера, според претходен договор преку комуникациска апликација, да учествува во организирање на убиство на маж.
Според истрагата, оружјето го набавил спротивно на законските одредби, а неговото поседување, како и муницијата, се забранети за граѓани.
По завршување на истражните дејствија, осомничениот е предаден на притворска единица, а против него е поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје и договор за извршување кривично дело.
Истрагата за случајот продолжува.






