ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ШТО ЈА ЗГРОЗИ ЈАВНОСТА: Полицијата истражува убиство - Ова се деталите

ТРАГЕДИЈА ШТО ЈА ЗГРОЗИ ЈАВНОСТА: Полицијата истражува убиство - Ова се деталите

Во Бијело Поле се води истрага за тешка семејна трагедија во која 85-годишен маж е осомничен дека ја усмртил својата сопруга, по што се обидел да си го одземе животот.

Според информациите од надлежното обвинителство, на 28 мај случајот бил пријавен во населбата Расово, во семејната куќа на сопружниците. По пристигнувањето на лице место, дежурниот обвинител заедно со полициските служби извршиле увид, при што биле изземени предмети и траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Телото на починатата е испратено на обдукција.

Осомничениот е лишен од слобода и му е одредено задржување до 72 часа, додека истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на настанот.

Во текот на истрагата се појавиле неофицијални информации дека меѓу сопружниците можеби постоел претходен договор да ги „окончаат маките“, со оглед на тоа што и двајцата биле во тешка здравствена состојба. Според истите извори, постои сомнеж дека сопругот ѝ инјектирал големи дози инсулин на сопругата.

Полицијата и обвинителството продолжуваат со собирање докази за да се утврдат сите околности и точниот мотив зад овој трагичен случај.