ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Струмица по невремето: Улиците погодени од обилните врнежи

(ВИДЕО) Струмица по невремето: Улиците погодени од обилните врнежи

Силно невреме денеска го зафати струмичкиот регион, носејќи интензивни врнежи кои за краток временски период предизвикаа проблеми во градот.

Според податоците што ги објави метеорологот Славчо Попоски, за време на невремето во Струмица биле регистрирани дури 45 литри дожд на еден квадратен метар.

„За време на големото невреме за кратко време во Струмица наврнаа дури 45 литри дожд на метар квадратен“, објави Попоски.

Големото количество дожд што паднало за кус период предизвикало потешкотии во сообраќајот и секојдневното функционирање во делови од градот.

На видеоснимките направени по невремето може да се видат последиците од обилните врнежи што ја зафатија Струмица.


Видео: