Силно невреме проследено со интензивен град денеска го зафати беровскиот регион, а особено погодено било селото Двориште, каде што ледените врнежи за кратко време ја побелиле околината.
За силната атмосферска нестабилност информираше метеорологот Славчо Попоски, кој сподели и снимки од последиците од невремето.
„Силен град кој буквално побеле сè како да е снег среде зима“, објави Попоски, посочувајќи дека снимките се направени во селото Двориште во Беровско.
Невремето било проследено со обилни врнежи и нагла промена на временските услови во овој дел од Малешевијата.
На видеоснимките може да се забележи како по интензивниот град земјата и околината се прекриени со бел слој, создавајќи глетка која повеќе потсетува на зимски отколку на септемвриски ден.
Видео:








