ПРВ.мк
Македонија

Ветувањата имаат тежина само ако се исполнуваат

Ветувањата имаат тежина само ако се исполнуваат

Министерот за спорт Борко Ристовски упати благодарност до сите што придонесоа за успешната реализација на еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти на Министерството за спорт - комплетната реконструкција на салата "Расадник" во Кисела Вода, која од со години запуштен објект, прерасна во современ спортски центар во кој одново ќе растат шампиони.

"Сакам да изразам благодарност до сите кои беа дел од реализацијата на овој проект – комплетната реконструкција на салата „Расадник“, на кој било начин.

Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, до компанијата која го реализираше проектот, како и до вработените во Министерството за спорт.

Ова е проект за кој заслуга имаат сите и треба да бидеме горди на тоа.

Делата се тие по кои ќе нè паметат!" - порача министерот Борко Ристовски.