ПРВ.мк
Македонија

УХМР ЈА ОБЈАВИ НЕДЕЛНАТА ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува

УХМР ЈА ОБЈАВИ НЕДЕЛНАТА ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува

Топлото и претежно сончево време ќе продолжи и во наредните денови, но во делови од Македонија ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Според неделната прогноза, од почетокот на работната седмица до почетокот на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која според прогнозата ќе биде поизразена во среда и четврток.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 30 и 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.