ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ: Исчезнатите девојчиња од Штип пронајдени и предадени на нивниот татко

УБАВА ВЕСТ: Исчезнатите девојчиња од Штип пронајдени и предадени на нивниот татко

Со среќен крај заврши потрагата по двете малолетнички од Штип, на возраст од 12 и 14 години, чие оддалечување од семејниот дом било пријавено во полиција.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, девојчињата биле пронајдени на 23 ноември во Струмица од страна на полициски службеници на СВР Струмица.

Нивното оддалечување од домот било пријавено еден ден претходно, на 22 ноември, во СВР Штип.

По пронаоѓањето, двете малолетнички биле предадени на нивниот татко, со што завршила потрагата по нив.

Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат дополнителни детали за причините поради кои девојчињата го напуштиле домот, ниту за околностите под кои пристигнале во Струмица.