Безживотно тело на млад маж било пронајдено утрово на тротоар во белградската населба Вождовац, објавија српските медиуми.
Телото било забележано околу 10 часот на Бачванската улица, каде што случајни минувачи наишле на вознемирувачката глетка.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт на мажот, пренесува српската новинска агенција Танјуг.
Според првичните информации, најверојатно станува збор за природна смрт, но точната причина засега не е официјално потврдена.
Идентитетот и точната возраст на починатиот маж не се објавени.








