ПРВ.мк
Црна Хроника

Мајка ја нападнала својата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувала со остар предмет

Мајка ја нападнала својата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувала со остар предмет

Четириесет и седумгодишна скопјанка е лишена од слобода откако била пријавена дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувала со остар предмет.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 ноември, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Д. (47) во скопската населба Драчево.

Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом, каде што мајката физички ја нападнала својата ќерка, по што ѝ упатувала закани со остар предмет.

Засега нема дополнителни информации за причините за инцидентот, ниту дали девојката се здобила со повреди.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничената ќе биде поднесен соодветен поднесок.