Во духот на македонската традиција и во чест на големото историско наследство поврзано со 2 Август – Денот на Републиката, Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“ ја реализира таа традиционална коњаничка маршрута од Скопје до Крушево.
Денеска, на 28 јули, во 19:00 часот, учесниците во коњаничкиот марш ќе пристигнат во Велес. Пречекот ќе се одржи во центарот на градот, пред споменикот на Велешките илинденци, каде што со положување свежо цвеќе ќе им се оддаде почит на хероите од Илинденското востание.
По краткиот престој и оддавањето почит во Велес, коњаниците ќе го продолжат својот пат кон Крушево, каде што на 2 Август ќе учествуваат во централната прослава на најголемиот национален празник – Илинден.









