Наскоро повторно ќе ги поместуваме стрелките на часовниците, со што ќе започне зимското сметање на времето.
Промената годинава ќе се случи во недела, 25 октомври, кога во 03:00 часот по полноќ часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 02:00 часот.
Тоа практично значи дека ноќта меѓу сабота и недела ќе трае еден час подолго, па ќе добиеме дополнителен час за спиење.
Со преминувањето на зимско сметање, утрата ќе стануваат посветли порано, но затоа ќе се стемнува порано во попладневните часови.
Следната промена на часовниците е предвидена за 28 март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање на времето и стрелките ќе бидат поместени еден час нанапред.
Во Европа со години се води дебата околу целосното укинување на сезонското поместување на часовниците.
Европскиот парламент уште во 2019 година го поддржа предлогот практиката да престане, но земјите-членки не постигнаа конечен договор околу тоа дали трајно да се задржи летното или стандардното време.
Затоа, додека не биде донесена поинаква одлука, продолжува да важи досегашниот систем – часовниците се поместуваат нанапред во последната недела од март, а се враќаат еден час наназад во последната недела од октомври.









