ПРВ.мк
Црна Хроника

За седум дена втор починат велешанец – овој пат телото било пронајдено во дом

За седум дена втор починат велешанец – овој пат телото било пронајдено во дом

Уште еден велешанец е пронајден починат, овој пат во својот дом во Велес.

Како што информира СВР Велес, вчера вечер во 21:30 часот било пријавено дека во дом во градот бил пронајден починат М.Т. (66) од Велес.

На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Ова е втор случај за седум дена во Велес во кој е пронајден починат маж.

Претходно, на 3 септември, велешанец беше пронајден мртов во автомобил на улица во градот.