ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Малолетник со електричен тротинет повреди четиригодишно дете!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Малолетник со електричен тротинет повреди четиригодишно дете!

На булеварот „Маршал Тито“ во Тетово синоќа се случила сообраќајна незгода во која четиригодишно дете било повредено, откако во него удрил електричен тротинет управуван од малолетник.

Според информациите, настанот бил пријавен во СВР Тетово на 25 јуни околу 20:15 часот. Незгодата се случила на тротоар, каде што се судриле електричен тротинет, управуван од 14-годишник од Тетово, и детски тротинет што го управувало четиригодишно дете, кое во тој момент било во придружба на родител.

Во судирот, четиригодишното дете се здобило со телесни повреди. По несреќата му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, каде што повредите биле констатирани од медицинскиот персонал.

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово. Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските процедури.