Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишно девојче од село во Општина Липково. Според информации на телевизијата од извори во полицијата, за случајот се дознало во неформални околности, а засега е уапсен само еден од осомничените насилници, кои за пари и сексуални услуги се изживувале со девојчето. „На 2 јануари, полицијата во Куманово го уапси 31-годишникот со иницијали Н.А. од село Слупчане, Општина Липково. Сомнежите за неговото апсење се базираат на заканите што тој ги упатил на малолетно девојче, дека додека не му даде пари, ќе објави експлицитни фотографии“, велат од МВР. Најмалку 17 луѓе се осомничени, а страдањата на девојчето, според пријавеното, траеле од јуни лани. Пријавата, според неофицијални информации, ја поднел таткото на девојчето. За кривичните дела злоупотреба или условување за пари или сексуални услуги е предвидена казна затвор до десет години, а кога делото е извршено од група, се изрекуваат повисоки казни.
Македонија
СТРАШЕН НАСТАН ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Група насилници со месеци сексуално злоупотребувале и уценувале малолетничка - полицијата со детали!

Поврзани написи

Македонија
Аларм по празниците: Клиниката за инфективни преполна со пациенти со грип, еден се бори за живот
9 јануари 2026

Македонија
Голем пресврт во здравството: Фондот ќе плаќа генетско тестирање на ембриони пред ин витро
9 јануари 2026

Македонија
Арктички шок доаѓа кон Македонија: До -20°C, над 30 см снег на планините, ќе обели и Скопје
9 јануари 2026












