ПРВ.мк
Македонија

Српска малолетничка „побегна по љубов“ – пронајдена во Велес кај момче со кое сакала брак

Српска малолетничка „побегна по љубов“ – пронајдена во Велес кај момче со кое сакала брак
Escape

Во понеделникот околу 22 часот, полициски службеници од СВР Велес постапиле по меѓународна потерница од Интерпол-Србија и ја пронашле 15-годишната малолетничка од Србија во домот на 30-годишна жена од Велес, идентификувана со иницијалите Р.Д.

Според изјавата на портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, девојчето било веднаш интервјуирано во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес.

Малолетничката изјавила дека доброволно пристигнала во Велес, со цел да се омажи со малолетен момче од овој град, со кого најверојатно била во контакт пред доаѓањето.

Случајот е деликатен поради возраста на девојчето и интернационалниот карактер на случајот, па се преземаат натамошни правни постапки во соработка со српските и македонските надлежни институции.

Mia Home Mavrovo