ПРВ.мк
Македонија

Социјалистичката партија на Македонија – Кочани го одбележа Денот на ослободувањето на градот

Социјалистичката партија на Македонија – Кочани го одбележа Денот на ослободувањето на градот

По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани, делегација на Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) – Кочани положи свежо цвеќе и им оддаде почит на хероите кои се избориле за слободата на градот.

Од СПМ – Кочани порачаа дека Денот на ослободувањето претставува симбол на храброста, заедништвото и љубовта кон татковината.

„Со положување свежо цвеќе им оддадовме почит на хероите кои се изборија за слободата на нашето Кочани“, наведуваат од партијата.

Од Општинската организација нагласија дека сеќавањето на оние кои се бореле за слободата треба да се негува и пренесува на идните генерации.