Во Македонија следува период на променливо и нестабилно време, а УХМР најавува можност локално да се развијат и поинтензивни временски процеси со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Во среда и четврток претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.
Сепак, во попладневните часови атмосферата ќе стане понестабилна, па на повеќе места се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата, од УХМР предупредуваат дека локално процесите може да бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Нестабилното време нема целосно да се повлече ниту во продолжение на неделата. До крајот на седмицата на одредени места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Сепак, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.








