По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кавадарци, денес се одржа свечена седница на која со достоинство и почит беше одбележан еден од најзначајните датуми во историјата на градот.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека празникот е можност да се оддаде почит кон минатото, но и да се истакне придонесот на луѓето кои со својата работа и посветеност го градат современо Кавадарци.
Во рамки на свеченоста беа доделени и највисоките општински признанија „7 Септември“, кои се доделуваат за исклучителен придонес, постигнувања и афирмација на градот.
Годинашни добитници се Методи Каровски – постхумно, д-р Благојче Митев и Фондацијата „Никола Јанчев“. Нивната работа, знаење и посветеност се препознаени како значаен придонес во развојот и промоцијата на Кавадарци.
„Нивниот успех е успех на Кавадарци. Нивниот придонес е дел од приказната за нашиот град“, порача Јанчев.
Одбележувањето на 7 Септември уште еднаш беше потсетување на вредностите врз кои се гради градот – почит кон историјата, признание за оние кои придонесуваат за заедницата и посветеност кон идниот развој.
„Со гордост ја чуваме историјата. Со дела ја градиме иднината. Честит 7 Септември, Кавадарци!“, порача градоначалникот Митко Јанчев.














