Душко Тошиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со потег на социјалните мрежи. Фотографијата со атрактивната Нора, која претходно можеше да се види на неговиот профил, повеќе ја нема.
Овој потег доаѓа непосредно по семејната прослава на која Душко беше заедно со поранешната сопруга Јелена Карлеуша и нивните ќерки Атина и Ника.
Токму нивното заедничко појавување предизвика големо внимание, особено поради емотивните моменти меѓу поранешните сопружници.
Душко јавно ѝ се заблагодари на Јелена за сè што направила за нивните ќерки, признавајќи дека поради неговата фудбалска кариера голем дел од времето го поминувал во странство, додека таа била постојано покрај Атина и Ника.
„Ти благодарам што ми ги роди најубавите деца“, ѝ порача Душко, по што следуваа прегратка и бакнеж, а Карлеуша не успеа да ги сокрие емоциите.
Токму по ваквата вечер, вниманието сега го привлече исчезнувањето на фотографијата со Нора од профилот на Тошиќ.
Засега Душко не објаснил зошто ја отстранил фотографијата, па причината за неговиот потег останува непозната. Сепак, тајмингот беше доволен повторно да започнат шпекулации околу неговиот приватен живот и односот со Карлеуша.








