ПРВ.мк
Црна Хроника

17-годишник итно пренесен во болница: Тешка сообраќајка со БМВ

17-годишник итно пренесен во болница: Тешка сообраќајка со БМВ

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Гостивар, при што сериозно е повреден 17-годишник од гостиварското село Галате.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 20:55 часот, а се случила на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Ж. (26) од Гостивар, и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 17-годишникот.

Во судирот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.