ПРВ.мк
Црна Хроника

МЛАД ЖИВОТ ЗГАСНА ВО СООБРАЌАЈКА: 19-годишна девојка загина

МЛАД ЖИВОТ ЗГАСНА ВО СООБРАЌАЈКА: 19-годишна девојка загина

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила синоќа во светиниколско, при што животот го загубила 19-годишна девојка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 септември околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Пиширово и Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од Црнилиште, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од коловозот.

Од здобиените повреди, младата девојка починала на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Увид на местото на трагичната сообраќајна несреќа извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе.