На 2 октомври 2025 година во 10:02 часот, во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Според полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „Мерцедес“, сопственост на странска амбасада, и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки.
Среќна околност е што нема повредени лица, а на местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.







