ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО КАЈ БИГЛА: Стотици пожарникари, полицајци и волонтери во битка со огнот!

(ФОТО+ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО КАЈ БИГЛА: Стотици пожарникари, полицајци и волонтери во битка со огнот!

Голем шумски пожар денеска избувна во близина на селото Бигла, на подрачјето меѓу Македонска Каменица и Делчево. Силниот ветер и високите температури повеќепати го разгорувале огнот, иако пожарникарите успевале привремено да го стават под контрола.

На терен се ангажирани околу 300 лица, меѓу кои пожарникари, припадници на институциите, волонтери и други служби. Во гаснењето учествуваат противпожарни единици од Штип, Гевгелија, Берово, Пехчево, Македонска Каменица, Кочани и Виница, како и полицијата, Црвениот крст, здравствени екипи и јавни претпријатија.

Во текот на денот во акцијата се вклучија и „ер-трактори“, кои интервенираат од воздух за да се спречи ширењето на огнот низ густата борова шума.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пожарот избувнал околу 10 часот, откако лице палело гуми во својот дом во Бигла, но изгубило контрола врз огнот. Пламените јазици потоа се прошириле кон блиската шума.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, информираше дека целта е пожарот да биде ставен под контрола до крајот на денот. Потоа на терен треба да останат дежурни екипи кои ќе ја следат состојбата и ќе реагираат доколку повторно се појават жаришта.

Надлежните служби продолжуваат со интензивна борба против пожарот, со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.

ВИДЕО