ПРВ.мк
Македонија

Скандал во МВР: Уапсен полицаец осомничен за злоупотреба на службената положба

Скандал во МВР: Уапсен полицаец осомничен за злоупотреба на службената положба

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Скопје, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според информациите, станува збор за помлад полицаец вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај, кој од април до јули годинава, додека работел во депото на „пајак-службата“ на ЈП „Градски паркинг“, во повеќе наврати постапувал спротивно на своите службени обврски.

МВР тврди дека со злоупотреба на службената положба противправно присвоил околу 12.700 денари, а со своето постапување предизвикал штета на државниот буџет од околу 85.500 денари.

Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а против него е поведена и дисциплинска постапка. Од МВР најавуваат дека ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.