ПРВ.мк
Македонија

Шокантен случај во Македонија: Малолетничка и 20-годишна девојка бегале од такси во движење

Шокантен случај во Македонија: Малолетничка и 20-годишна девојка бегале од такси во движење

Полицијата во Тетово истражува инцидент во кој две девојки скокнале од такси возило во движење, откако, според нивната пријава, возачот не ги однел до договорената дестинација и ја сменил рутата.

Случајот бил пријавен на 4 август во Полициската станица Теарце. Според информациите од СВР Тетово, 20-годишна девојка од селото Пршовце и нејзината 16-годишна другарка пријавиле дека за време на возењето таксистот се однесувал несоодветно и одбивал да го запре возилото.

Двете, според пријавата, успеале да излезат од таксито додека тоа било во движење, по што побарале помош.

Со возачот е извршен информативен разговор, а за случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово. Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.