ПРВ.мк
Топ Вести

Макрон испрати остра порака до Путин: Следуваат нови санкции против Русија

Макрон испрати остра порака до Путин: Следуваат нови санкции против Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги осуди најновите руски напади врз Киев, оценувајќи дека повторното гаѓање цивилни цели е неприфатливо.

Во објава на социјалната мрежа X, Макрон порача дека Европската Унија и нејзините сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, истовремено засилувајќи го притисокот врз Москва преку нови санкции.

Тој нагласи дека секој нов напад врз украинските градови е уште една потврда дека Русија треба да одговара за своите постапки и за последиците од воената агресија.