ПРВ.мк
Свет

„Црни вдовици“: Медицинска сестра се омажила за петмина војници на смртна постела

„Црни вдовици“: Медицинска сестра се омажила за петмина војници на смртна постела

Во Русија се водат истраги за сомнителни бракови меѓу жени и војници кои заминувале на фронтот во Украина, а целта, според властите, била добивање државни обесштетувања во случај на нивна смрт.

Според руските медиуми, семејствата на загинатите војници имаат право на еднократна исплата од најмалку пет милиони рубљи, што, според истрагите, довело до појава на таканаречените „црни вдовици“ – жени кои склучувале фиктивни бракови непосредно пред испраќањето на војниците на фронтот.

Еден од најекспонираните случаи е медицинска сестра која е обвинета дека се омажила за петмина тешко повредени војници во воени болници, со намера по нивната смрт да ги наплати државните исплати.

Случаите предизвикаа бурни реакции во јавноста, а семејствата на загинатите тврдат дека поради ваквите бракови остануваат без дел од средствата што им следуваат. Поради тоа, руските судови веќе разгледуваат повеќе спорови, а во дел од нив утврдиле индиции за злоупотреба и им го оспориле правото на обесштетување на нововенчаните сопруги.

Во истрагите се проверуваат и наводи дека поединци од воените структури им помагале на организаторите на ваквите фиктивни бракови, обезбедувајќи контакти со осамени или тешко повредени војници.