Нов голем пожар избувна во Делиблатските Песоци во Србија, а поради силниот ветер огнената стихија за кратко време се прошири на повеќе од 300 хектари.
На терен се ангажирани над 80 пожарникари, доброволни екипи и припадници на надлежните служби, додека од воздух интервенираат три хеликоптери. Се очекува и пристигнување на тешка механизација за да се спречи понатамошното ширење на пожарот.
Во меѓувреме, во селото Лучица кај Пожаревац се случи трагедија. Еден маж го загубил животот во пожар што, според властите, самиот го предизвикал.
Од српското Министерство за внатрешни работи повторно апелираа граѓаните да не палат оган на отворено и да бидат особено внимателни, бидејќи високите температури значително го зголемуваат ризикот од шумски пожари.






