ПРВ.мк
Македонија

Македонија под топлотен бран: Температурите растат, следуваат и локални невремиња

Македонија под топлотен бран: Температурите растат, следуваат и локални невремиња

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и температури кои на некои места ќе достигнат до 39 степени.

Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува локален развој на нестабилна облачност со можност за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и многу топло, со максимална температура до 38 степени и слаб до умерен северозападен ветер.

Според прогнозите, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови. Во делови од земјата температурите ќе достигнуваат и до 40 степени, а во попладневните часови ќе има услови за локални поројни врнежи и грмежи.