ПРВ.мк
Топ Вести

Ноќ на хоророт во Киев: Русија нападна со ракети и дронови, најмалку 15 загинати (ВИДЕО)

Ноќ на хоророт во Киев: Русија нападна со ракети и дронови, најмалку 15 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во масовен руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија украинските власти.

Според службите за итни случаи, најголем дел од жртвите се регистрирани во Киевската област, каде што се оштетени повеќе објекти, а избувнале и големи пожари. Во самиот главен град загинало едно лице, додека десетици се повредени, од кои неколку се во критична состојба.

Нападите погодиле повеќе населби во Киев. Меѓу оштетените објекти има станбени згради и магацини, а во еден случај проектил удрил во 20-катница, предизвикувајќи голем пожар. Спасувачките екипи и натаму трагаат по лица затрупани под урнатините.

Воздушната тревога траела со часови, додека украинските воздухопловни сили предупредувале за нови балистички ракети и дронови насочени кон главниот град. Нападот следува само неколку дена по претходниот голем руски удар врз Киев, во кој исто така имаше загинати и повредени.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА