ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ СО “БРЗИ КРЕДИТИ”: Еве како на туѓо име подигнале голем број на кредити

СКАНДАЛ СО “БРЗИ КРЕДИТИ”: Еве како на туѓо име подигнале голем број на кредити
Kristal

СВР Штип поднесе кривична пријава против три лица – 34-годишник од Струга, 46-годишник од Велес и Т.К. – за сомнеж за измама и злоупотреба на лични податоци.

Пријавените довеле во заблуда лице од Штип, неовластено прибавиле нејзини лични податоци и во април и мај 2025 година аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва во вкупен износ од 227.500 денари.

Дополнително, едно од пријавените лица ги користело податоците од банкарската картичка на оштетената и извршило 11 трансакции на банкомати во Велес и Штип, со износ од 214.000 денари. Т.К. е пријавена и за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Escape