ПРВ.мк
Македонија

Измамите не запираат - АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами!

Измамите не запираат - АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами!
Kristal

Во последниот период, Секторот за внатрешни работи Битола регистрирал повеќе случаи на телефонски измами насочени кон постари граѓани. Сторителите се претставуваат како полициски службеници и бараат пари за „ослободување од кривична одговорност“ на нивни блиски — деца или внуци — кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со тешки последици.

Во некои случаи, измамниците тврделе дека наводно е потребна итна операција и барале итна исплата на одредена сума пари.

Од СВР Битола апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви телефонски повици, бидејќи полициски службеници никогаш не бараат пари во вакви ситуации.

Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и упатува порака до сите граѓани:

👉 При најмал сомнеж или ваков тип на повик, веднаш пријавете во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Escape