ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци дел од караванот за 35 години независност: Голем музички настан утре на градскиот плоштад!

Кавадарци дел од караванот за 35 години независност: Голем музички настан утре на градскиот плоштад!

Кавадарци дел од караванот за 35 години независна Македонија: Празнична манифестација утре на градскиот плоштад

Во рамки на караванот со кој се одбележува големиот јубилеј – 35 години независна Македонија, Кавадарци утре ќе биде една од главните станици на оваа празнична турнеја.

Настанот е закажан со почеток од 20:00 часот на градскиот плоштад, каде што за присутните ќе биде организирана убава вечер исполнета со богата музичка програма, дружење и одбележување на македонскиот дух.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите жители на Кавадарци и околината да се приклучат на собирот и заеднички да ја почувствуваат убавината и значењето на овој голем македонски празник.