ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Уапсени маж осомничен за злоупотреба на малолетничка и мајката која молчела за случајот!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Уапсени маж осомничен за злоупотреба на малолетничка и мајката која молчела за случајот!

Полицијата приведе 58-годишен жител од тетовско село, кој е осомничен за тешко кривично дело врз малолетничка, како и 37-годишната мајка на девојчето, бидејќи, според информациите од истрагата, не го пријавила случајот иако била запознаена со него.

Од СВР Тетово информираат дека на 28 мај околу 16:45 часот, 62-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна внука била жртва на кривично дело од страна на 58-годишен маж од тетовскиот регион.

Според пријавеното, настанот се случил во декември 2024 година, кога девојчето, кое тогаш имало 15 години, се враќало од Тетово со комбе управувано од осомничениот. Случајот подоцна бил откриен откако малолетничката го споделила случувањето со својата мајка.

Според информациите од полицијата, мајката во тој период била во љубовна врска со осомничениот, но и покрај тоа што знаела за настанот, не го пријавила во надлежните институции.

Двете лица се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. Од полицијата најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.