ПРВ.мк
Свет

ТРАМП НА БАНКНОТА ОД 250 ДОЛАРИ? Планот предизвика бурни реакции и отвори правни дилеми!

ТРАМП НА БАНКНОТА ОД 250 ДОЛАРИ? Планот предизвика бурни реакции и отвори правни дилеми!

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наводно извршила притисок врз владината институција задолжена за печатење пари да подготви дизајн за нова банкнота од 250 долари со неговиот лик, потег што веќе предизвикува дебати и контроверзии во САД.

Според информации објавени од „Вашингтон пост“, доколку ваквата идеја се реализира, тоа би претставувало преседан бидејќи повеќе од 150 години на американските банкноти не се појавиле живи личности.

Извори запознаени со процесот тврдат дека уште од минатата година двајца претставници од Министерството за финансии – државниот благајник Брендон Бич и неговиот советник Мајк Браун – повеќепати контактирале со службениците од Бирото за гравирање и печатење со барање да се подготват прототипови за новата банкнота.

Според истите извори, барањето предизвикало загриженост кај дел од вработените, бидејќи актуелното федерално законодавство предвидува на американската валута да се појавуваат само личности кои не се живи.

Еден од вработените во државната печатница тврди дека во август и септември биле доставени примероци од можниот изглед на банкнотата, а еден од предлозите предвидувал ликот на Доналд Трамп да биде поставен во централниот дел на банкнотата од 250 долари, помеѓу официјалните потписи на претседателот и секретарот за финансии Скот Бесент.

Засега нема официјална потврда дали ваквата иницијатива ќе продолжи понатаму, но самата идеја веќе отвори прашања околу законските ограничувања, традицијата и можните политички последици.