ПРВ.мк
Балкан

НОВИ ПРАВИЛА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Еве што се менува на Евзони и Кипи и зошто се очекуваат побрзи премини!

НОВИ ПРАВИЛА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Еве што се менува на Евзони и Кипи и зошто се очекуваат побрзи премини!

Грчките власти најавија нов пакет мерки насочени кон забрзување на граничните контроли и намалување на долгите чекања на премините Евзони и Кипи, по воведувањето на новиот европски систем ЕЕС.

Одлуката била донесена на работна средба одржана во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници од институции, безбедносните служби и локалните власти.

Според грчките власти, потребата од нови мерки доаѓа во период кога значително расте бројот на туристи и товарен транспорт кон Грција, што создава дополнителен притисок врз граничните премини.

Дополнителен предизвик претставува и новиот систем ЕЕС, кој предвидува задолжителна биометриска проверка за секое лице што влегува или излегува од земјата. Овие проверки, иако се дел од европските безбедносни стандарди, придонесуваат за подолги полициски контроли и создавање колони.

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, изјавил дека Грција нема простор за отстапување од европските правила и дека државата е обврзана да го применува законодавството на Европската Унија.

Тој открил и дека во врска со новиот систем веќе пристигнале поплаки и реакции од Северна Македонија и Србија, токму поради подолгите задржувања на границите.

Со новите мерки, грчките власти очекуваат подобра организација на премините и побрз проток на патници во периодот кога започнува летната сезона и значително се зголемува фреквенцијата на патувања.